Ева Мендес: Во иста недела го погребав брат ми и родив ќерка


Ева Мендес проговори за големата трагедија што ѝ се случи нејзиното семјство само неколку дена откако актерката на свет ја донесе другата ќерка.eva-ryan2--z

Имено, невенчаната сопруга на актерот Рајан Гослинг, откри во интервјуто за магазинот „Латина“, дека во истата недела кога бил погребан нејзиниот брат Карлос, се родила нејзината втора ќерка Аманда.

– Губитокот на мојот брат уште повеќе го зближи семејството. Навистина сум среќна што ги имам, среќна сум кога ќе видам дека сите заедно си помагаме едни на други – рекла актерката, чиј брат Карлос Мендез ја изгуби битката со рак во април годинава. А, само неколку дена потоа, актерката ја роди ќерката Аманда.

– Истата недела кога беше погребот на мојот брат, родив бебе. Тоа навистина беше тешко, бидејќи во исто време бев среќна и тажна – додала Ева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1