Евакуиран аеродромот во Амстердам , вонредна ситуација – можно киднапирање на авион


Холандската Жандармерија се упати кон аеродромот Шипхол поради „сомнителна ситуација“ во Амстердам.

Извештаите од аеродромот упатуваат на, како што пренесоа локалните медиуми, ситуација која може да има последици по широката популација.

Како што се дознава, постапката е вообичаена во итни ситуации кога постои опасност од поширок обем. Аеродромот е затворен и има повеќе амбулантни возила на самото место.

Холандската полиција објави дека сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани од авионот, пренесуваат медиумите.

Инцидентот е пријавен околу 19.30 часот по локално време, а како што се наведува, издадено е „предупредување грип 3“ што наведувува дека станува збор за сериозен инцидент.

Меѓу патниците на аеродромот може да се чуе дека станува збор за обид за грабнување на авион на летот за Мадрид.Според холандскиот „Де телеграф“, инцидентот се случил во авион кој се наоѓал на пистата Д3 или Д7 пред полетување, а веројатно додека патниците се уште се качувале. Неколку извори за весникот изјавиле дека е пријавен обид за киднапирање на авионот, но сè уште нема официјална потврда за тоа. Се дознава дека станува збор за летот UX 1094 што требало да замине за Мадрид.

Според непотврдени информации станува збор за заложничка драма.

Припадниците на Жандармеријата го опколиле авионот.Портпаролот на аеродромот Шипхол изјави дека сè уште не може да каже за што точно станува збор и за кој лет, но потврди дека се размислува да се пренасочат другите летови. Дел од аеродромот е евакуиран. Шипхол е еден од најпрометните аеродроми во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1