Еве детали како беа уапсени обвинетите за ,,Монструм,,


Криминалните активности ги издале Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои вчера беа уапсени од косовската полиција. Иако во Македонија се бараа за петкратното убиство кај Смилковското Езеро тие ниту во Косово не седеле мирни.

monstrumКако што информираат извори од косовската полиција тие и кај северниот сосед се занимавале со криминални активности поради што полицијата повеќе од еден месец ги следела пред вчера конечно да ги уапси.

Трагот полициските службении ги донел до стан во Приштина. При апсењето пронајдено е и оружје, кое дополнително ќе се вештачи за да се утрвди дали со него е пукано во масакрот кај Смилковци.
Полицијата се уште го нема оружјето со кое се убиени четирите момчиња и рибарот, па доколку балистичкото вештачење покаже дека станува збор за истото оружје, тогаш обвинителеството ќе има уште еден доказ повеќе во случајот Монструм.

Само што биле приведени во косовската полиција веднаш им биле земени отпечатоци кои веднаш мубиле испратени на македонското МВР кое утрвдило дека станува збр за првообвинетите во случајот Монструм, по што Јанкулоска лично му се јавила на својот косовски колега и побарала обвинетите да бидат екстрадирани во Македонија. Од Косово добила потврден одговор и уверуање дека Алили и Исмаиловиќ ќе бидат изнесени пред лицето на правдата во земјава согласно законските рокови.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ веднаш по убиството кај Смилковци преку илегален премин кај Кодра Фура побегнале во Косово. Нивниот адвокат денеска тврдеше дека тие бегале од Македонија поради тоа што не верувале во македонскиот правосуден систем

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1