Еве до кога и каде можете да купите карти за Македонија – Шпанија


Ден на натпревар меѓу Македонија и Шпанија можат да купат билет на три локации во близина на Националната арена „Филип Втори“.

Поставени се три продажни места:
-Фонтана „Градски парк“; Кеј на Вардар зад Влада на РМ; Пешачки мост во близина на дискотеките во „Градски парк“ кои на денот на натпреварот ќе работат од 12:00 до 20:15 часот.

Билетите кои се купени електронски ќе мора да се заменат за реални билети на наведените пунктови.

Влезовите за публиката на Националната арена на денот на натпреварот ќе бидат отворени од 18.45 часот, а ќе се затворат во 20.30 часот. Апелираме гледачите да стигнат на време за да се избегнат непријатности непосредно пред почеток на натпреварот.

Билетарата на Националната арена утре нема да работи поради ограничениот безбедносен радиус околу стадионот проектиран од надлежните служби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1