Еве ги сценаријата кои ќе не одведат во следната фаза од ЕП


И покрај претрпените два порази, нашите кошаркари имаат шанси да се пласираат во следната фаза.

makedonijaОткако изгубивме од Црна Гора и Литванија, на сцена настапуваат калкулациите, но и исходот од другите натпревари. Математиките покажувааат дека Македонија има реални шанси да си обезбедат пласман во втората рунда.

За да одиме во следната фаза, ни требаат победи против Летонија и БиХ во последните две кола и Србија и Литванија да ги добијат натпреварите со Црна Гора и Латвија, што е сосема за очекување.

Во ваква ситуација, би се направил круг од три селекции (Македонија, Црна Гора и Летонија), во кој доколку Македонија ја победи Летонија со разлика поголема од еден поен, тогаш нашите кошаркари ќе завршат на третото место во групата.

Може да ни биде доволна и победа од еден поен разлика против Летонија, но тогаш, БиХ треба денеска да ја победи селекцијата на Црна Гора. Овие математики навистина ни влеваат надеж јасно е дека ништо не е загубено, дури и по евентуален пораз вечерва од Србија, секако, доколку Летонија и Црна Гора не успеат да ги изненадат Литванија и Србија.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1