Некогашната британска поп ѕвезда Бони Тајлер ќе ја претставува Велика Британија на годинешниов фестивал за песна на Евровизија,што се одржува во Малме,во Шведска. Велшанката Тајлер,која во седумдесетите и осумдесетите години се прослави со неколку светски хитови,на Евровизија ке ја пее песната „Верувај ми“ што за неа ја направи американскиот композитор Дезмонд Чајлд.
Тој и порано имка работено со Тајлер,а има компонирано песни за Бон Џови,за групата „Кис“. Овој американски автор правел песни и за Рики Мартин.
Автори на текстот за британската евровизиска песна се Лорен Кристи и Кристофер Брајд.
Бони Тајлер која сега има 61 година изјави дека е „почестена од одлуката“ таа да ја претставува британската музика на фестивалот на Евровизија.
– Многу сум почестена и задоволна што јас ке ја претставувам Велика Британија во Шведска, изјави Тајлер,објаснувајки дека избраната песна е „многу убава“. Минатата година,британската музика ја претставуваше еден друг ветеран и поранешна поп ѕвезда,76 годишниот Инглберт Хампердинк кој при гласањето во финалето доби само 12 гласови.