Еве каде да не возите – Посебен сообраќаен режим за фудбалскиот натпревар Македонија-Израел


Сообраќајната полиција денеска од 16 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим во очекување на зголемен интензитет на сообраќајот порадимеѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Израел, што треба да почне во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски” во рамки на квалификациите за Европско првенство во фудбал.policija soobrakjajna

СВР- Скопје информира дека од 16 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Исто така во попладневните часови сообраќајната полиција ќе презема мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот. Во периодот по 17 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и интензитет на сообраќајот, ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1