Еве каде да пријавите ако во Македонија ви го хакнат профилот на Фејс, Твитер..


Според статистиката на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Фејсбукот убедливо води во однос на повредите на личните податоци.

fejsbukДве третини од сите повреди на приватноста регистрирани во 2012 година се на социјалните мрежи, како Фејсбук, Твитер и други социјални медиуми со кои граѓаните комуницираат во земјата и надвор од неа. Злоупотребите,  најчесто се вршат преку хакирање на профили и изнесување на содржини од лица кои што со недобронамерни изјави придонесуваат за повреда на приватноста.

Доколку сте биле жртва на ваква злоупотреба сигурно се прашувате како можете да се заштитите и која е постапката за тоа.

За бришење на креирани лажни профили до Дирекцијата за заштита на личните податоци потребно е да ги доставите следните документи:

  • барање за бришење на лажниот профил креиран на ваше име, со кратка неформална содржина со која ќе опишете во што се состои злоупотребата;
  • фотокопија од ваша важечка лична карта или пасош;
  • согласност; и
  • линк кој води до спорната содржина

По приемот на барањето и негово разгледување, Дирекцијата ги брише хакираните профили и поведува соодветна иницијатива за Кривична постапка.

Извор: www.dzlp.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1