Еве каде е забрането капење во Македонија годинава


Вардар и Треска и годинава се забранети за капење. Загаденоста на водата во вештачкото езеро и долж целиот тек на Вардар е со висока загаденост од 4 и 5 категорија, потврдуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според епидемиолозите од таква вода многу лесно може да се добијат заразни болести и инфекции, пишува Здравство24.

treska-3--И тие води не се воопшто погодни за рекреација и капење. Инспекторатот доставува решенија до локалната самоуправа и таму се дава забрана за капење на места кои населението ги користи како плажи и за капење, На тие места треба да бидат поставени табли со ознаки дека водата не е за капење, вели д-р Вера Менковска, раководител во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од друга страна водата во трите природни езера Охридското, Преспанското и Дојранското езеро е безбедна по здравјето на капачите. Таа е од 1, а на некои места од 2 категорија покажуваат резултатите од мострите за анализа кои Центрите за јавно здравје ги земале од повеќе локации на езерата

-Во Охридското езеро земени се мостри од 35 мерни места и водата е безбедна за капење бидејќи е од 1 и 2 категорија. ЦЈЗ Битола зема 17 мостри од Преспанското езеро и таму водата е безбедна и е од 1 и 2 категорија, а ЦЈЗ Велес зеде 17 мостри од 5 мерни места во Дојранското езеро кои покажуваат дека квалитетот на водата е подобрена во однос на претходните години на некои места е од 1 и 2 категорија на чистота, а на некои места е од 3-та категорија според физичко хемискиот состав има зголемена матност што се објаснува со геолошките карактеристики на самата подлога во езерото, но тоа не влијае врз здравјето на капачите, додаде д-р Менковска.

Овие анализи се направени пред почетокот на летото, но од здравтвениот инспекторат уверуваат дека водата ќе се контролира и во текот на целата сезона. Од ДСЗИ информираат дека генерално водата е безбедна за капење и во сите базени во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1