Црната боја е полна со мистериозна и префинета Фенг Шуи енергија – енергија на моќ и заштита.
Во Фенг Шуи, црната боја му припаѓа на елементот Вода и тоа е бојата на Јинот, односно на пасивната енергија на Јин-Јанг комбинацијата. Црната боја е основа и темел на секоја декорација во домот.
Таа може да се користи за истакнување на другите Фенг Шуи бои, какои и за донесување на јачина во секоја просторија. Црната боја треба целосно да ја избегнувате во јужните деловите на просторијата, додека во умерени количини може да се користи во детските соби, на влезот во кујната и во трпезаријата.
Исто така оваа боја носи втемелување и стабилност со себе и затоа треба да се користи до нивото на окото. Оваа боја е и одличен лек според Фенг Шуи и доколку е правилно искористена во северниот дел на вашиот животен простор може да привлече поволни прилики во работата и на деловен план.