Еве каде завршуваат автомобилите кои не се продаваат (Видео)


Автомобилите кои авто-индустријата не успева да ги продаде, сепак не се нудат на пазарите по пониски цени, туку се носат на еден вид на “гробишта” каде возилата со тек на време едноставно скапуваат.

koli plac2Вакви плацови постојат на стотици места ширум светот, а Велика Британија, Валенсија во Шпанија и Санкт Петербург во Русија се местата каде што се испраќаат автомобилите кои се произведени во Европа.

Големите авто-компании се почесто се принудени да купуваат земјиште за складирање на бројните непродадени возила, кои главно немаат поминато ниту еден километар. Така, “царството” на неискористени автомобили секојдневно расте.

Овој проблем доаѓа токму поради фактот дека денес се помалку луѓе се одлучуваат да купат нов автомобил, па нивното внимание е насочено кон половните возила, а ова важи дури и за државите кои имаат добар животен стандард. Милиони автомобили секојдневно стануваат сериозен одвишок кој сепак некаде треба да се складира.

koli placОправдувањето на авто-индустријата, која упорно одбива да ги намали цените е фактот дека тогаш не би имало кој да ги купува нивните скапи автомобили. Производството на автомобили и покрај сето ова продолжува во полн ек, а нивните “гробишта” исто толку брзо се прошируваат.

На крајот, после две години стоење на еден ваков плац, овие возила се демонтираат, а некои од деловите се рециклираат.

Гугл мапс ни понуди неверојатна можност да видиме како изгледаат овие морничави и напуштени места:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1