Еве како да добиете повисока плата


Специјализирајте

Станете експерт за одредена област или за одредени работни задачи во вашата фирма. Ќе имате помалку работа секој ден, бидејќи луѓето нема да ви се обраќаат за секакви работни задачи.

nevrabotenost2Приспособете се

Размислете како може да ги прилагодите своите способности на она што е потребно во компанијата. Ако повеќе се ценат вработените кои имаат компјутерски вештини, тогаш приспособете се и вие. Работете на свое усовршување на компјутерското знаење.

Тренирајте

Ако колегите постојано ве повикуваат да се консултирате околу работата на некој програм, како да состават соопштение или да организираат настан, расмислете за тоа да се занимавате со обука на ваков кадар во компанијата. Предложете им на надредените. Тоа ќе покаже дека имате интересирање за тимот, а вам би требало да ви обезбеди дополнителни поени.

Набавете сертификат

Сертификатот за завршен курс подобро ќе ве позиционира на работното место. Без оглед дали станува збор за курс по компјутери, некоја вештина или странски јазик.

Не се откажувајте

Ако на позицијата на која работите нема место за зголемување на платата, не очајувајте. Побарајте преместување на подобро платено место во фирмата. Не откажувајте се од вашата цел, дури и по цена тоа да бара промена на компанијата.

Скопје Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1