Еве како да направите црно кафе – здраво е делува на тенот, на стомакот а и вкусно


Charcoallatte е уште еден делотворен еликсир, кој се користи во служба на добро здравје и дополнителна енергија.

Овој пијалак го прочистува телото од токсините, благодарение на моќните состојки кои се наоѓаат во црниот адитив. Помага кај проблеми со стомакот, а исто така одлично делува и во случај на претерување со алкохол. Оваа природна состојка има благотворно влијание и на тенот, па корисен е и за надворешна употреба, на пример, како црна маска за лице.jaglen

Во продолжение, ви го откриваме рецептот за подготовка на црното кафе со активен јаглен.

Потребни состојки:

1 капсула активен јаглен (достапен во аптеките)
1/3 шолја вода
1 чаша бадемово млеко
1 лажичка јаворов сируп или мед
малку ванила
малку цимет

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото во тенџере. Помешајте го активниот јаглен во прав со водата, а потоа, сипете ја добиената црна течност во млекото. На крајот, додадете засладувач по желба, па малку ванила и цимет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1