Еве како да препознаете – Дали црниот леб е навистина црн?


При купувањето затоа е многу важно дали црниот леб да биде навистина „црн“, односно дали е произведен од цело зрно, или само е додадена карамела за боја, или пак се наоѓа нешто што воопшто не би требало да се наоѓа во лебот.CRNI-HLEB-11

Анонимен пекар кој е добро запознаен со методите на боење на лебот, опишува како истиот се добива. Од кафе, какако, вештачка боја или црвено вино. Методите со кои се служат произведувачите се различни, се само да заштедат материјали.

Исто така, секој ржен леб не е ржен. Ржен леб може да се нарече само оној кој содржи 30 отсто ржено брашно. Но, за жал по печењето, никој не може да одреди колку рж има во него.

Доколку и вие се сомневате каков леб купувате, еве неколку методи со кои можете да проверите за што станува збор.

– ставете едно парче од црниот леб во вода, ако лебот побели, а водата потемни јасно е за што станува збор
– црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот
– црниот леб не е еластичен ниту сунѓерест
– средината на црниот леб има подлабоки пори и помал волумен
– црниот леб мириса поразлично од белиот

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1