Асоцијација за развој на нови опции (АРНО) во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер објави Конкурс за идеи/проекти за зелени бизнис идеи кои промовираат поддршка на локални мали бизниси и кои користат ресурси од локалната заедница. На конкурсот може да учествуваат организации, индивидуалци, социјални претприемачи и мали бизниси. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk и може да се пополни до 24 јуни. А тројцата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на својата идеја.
Во прилог Ви го пренесуваме интегралниот текст од соопштението за отворениот конкурс:
Отворен конкурс за зелени идеи-аплицирајте до 24 јуни
„АРНО“ во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер спроведува Конкурс за идеи/проекти за зелени бизнис идеи кои промовираат поддршка на локални мали бизниси и кои користат ресурси од локалната заедница. Конкурсот е во организација на „АРНО“ во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund). На конкурсот може да учествуваат организации, индивидуалци, социјални претприемачи и мали бизниси. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk и може да се пополни до 24 јуни.
„Ова е прекрасна можност за македонските граѓани да започнат одржлив бизнис во Македонија. Самата пријава е кратка, и бара одговор на прашањата до 300 зборови, но носителите на идеи можат да приложат дополнителни материјали како бизнис план, видеа, фотографии за жирито да добие целосна слика за самата бизнис идеја. Може да аплицира секој, но идејата мора да е нова или во рана фаза. Може да аплицираат и мали бизниси кои се нови и имаат годишен приход помал од 10.000 евра. Веруваме во потенцијалот на Македонија за зелени иновации, очекуваме многу апликации и очекуваме конечно годинава да имаме и македонски победник на регионалниот натпревар.“ изјави Ирина Јаневска- претстедателка на Здружението за социјални иновации „АРНО“.
„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија и се одржува од 2012та година. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар и до сега се наградувани најразлични зелени бизнис идеи: од рециклиран мебел од палети, фарми за црви, агро туризам во селата, туристички тури на велосипеди, до соларни сушари на овошје, подвижна продавничка за сладолед на соларна енергија и други. Тројцата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на својата идеја во своите земји.
Сите детали за конурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk. Повеќе информации можат да се добијат на 075 367 311 или на e-mail [email protected]
###
Процесот на селекција на национално ниво се одвива во неколку фази. Првата фаза е распишување на конкурс на кој може да учествува секој, втората фаза е селекција на 10 победнички идеи од страна на жирито, и третата фаза е избор на 3 победнички идеи од Македонија кои понатаму ќе се натрпреваруваат на регионалниот натпревар „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ кој ќе се одржи 24-27 јули во Косово.
Здружението за социјални иновации „А.Р.Н.О.“ (Асоцијација за развој на нови опции)е основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови пристапи во креирањето на позитивни промени во општеството. АРНО развива и поддржува социјална иновација преку дизајнирање на нови опции во областа на дигиталната креативност и различни социјални иницијативи, кои ги развиваат активни, независни граѓани кои дејствуваат заедно и придонесуваат кон развој на заедницата и позитивните општествени промени.