Еве како е да се работи во Исланд – исповед на Хрват


Хрватскиот пратеник Горан Алексиќ на Фејсбук ги сподели впечатоците на Хрват кој заминал да работи во Исланд.

Овој гастербајтер на Алексиќ детално му го опишал животот во оваа земја позиционирана на северот на Атлантикот.

Имено, човекот се зачудил бидејќи затоа што од платата не мора да плаќа придонеси, туку добива бруто износ.

Исто така, на Хрватот интересно му било тоа што во Исланд никој не плаќа со готовина.

„Овде се цени работата, се плаќа работата, сите се среќни, срдечни. Овде нема шанси работодавецот да ве измами ниту за една круна. Главниот збор кога се во прашање работниците и работодавците го водат синдикатите. Платата се зема секогаш на први од месецот“ – раскажува тој.

Додава дека после 20 години работен стаж се чувствува како ценет работник.

Вели дека му било тешко да ја напушти Хрватска, но порачува дека политичарите конечно мора да направат нешто за добро на граѓаните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1