Еве како ќе изгледа плоштадот Македонија откако се ќе се изгради


Скопје станува туристичка атракција. Она што ги носи туристите во Скопје е љубопитноста да се видат вложувањата кои се направени последните години во градот. Порталот Скопје Инфо сумираше – Погледнете како ќе изгледа плоштадот Македонија:

fontana

Нова фонтана со прскалки  

Плоштад  „Македонија” ќе добие нова фонтана со прскалки  на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15х15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.hotel-plostad

 

Хотел во неокласичен стил

Хотел во неокласичен стил ќе биде изграден каде што првично требаше да биде изградена црквата „Св. Константин и Елена”, а потоа и „Шпанските скали“ и ќе биде висок шестнаесет метри, односно ќе има три ката и приземје.

 

Хотел Мериот 

Хотелот Мериот на Дивелоп груп е вредна 37 милиони евра, а во хотелот се очекува да бидат вработени 700 луѓе. Мериот ќе понуди вистински луксуз.hotel meriot plostad

Се гради во арт – деко стил, а ќе располага со со 180 соби, 16 луксузни и еден претседателски апартман, спа – центар, а според најавите, на последниот кат ќе има градина со базен. Ова е прв хотел од светски познатиот синџир во некоја од земјите на поранешна Југославија.

 

Градската куќа (поранешен Офицерски дом) и хотел

Во цeнтарот на градот се интензивира изградбата на градската куќа (поранешен Офицерски дом) и на приватниот хотел, кој, според планот, треба да никне до неа.dom

Инвеститорот на објектите е познатиот грчки бизнисмен Деметрис Кондаминас, кој во 2011 година стана сопственик на парцелата за околу 625.000 евра, под услов да ги изгради градската куќа и хотелот според веќе утврден проект. Според договорот, помеѓу државата и грчкиот инвеститор, по изградбата на градската куќа, која всушност е обновување на некогашниот Офицерски дом, објектот треба да се предаде во сопственост на државата, без никаков надомест. Градската куќа ќе биде наменета како резиденцијален дел на скопскиот градоначалник и матичната служба. Според проектот, во градската куќа, покрај дел за матичната служба, би требало да има просторија за подготовка на младите, голема сала за состаноци, три работни кабинети, од кои едниот за градоначалникот на градот, сала за свечени приеми и уште неколку простории за вработените. Според најавите на грчкиот инвеститор, изградбата на двата објекта, кои е предвидено да бидат со висина до 29 метри, ќе го чини од 30 до 50 милиони евра.

Хотелот што се гради заедно со градската куќа ќе биде во неокласицистички стил и најмалку со четири ѕвезди. Според договорот, грчкиот бизнисмен објектите треба да ги изгради во рок од шест години од добивањето на дозволата за градба.

 

Катна гаража „Солунски конгрес“  

Првата автоматизирана катна гаража „Солунски конгрес“ е во близина на а.д. МЕПСО.

Гаражата има едно подземно ниво, едно полуниво и   девет ката, со вкупен капацитет за паркирање на 280 возила.  Во новата гаража е вградена најсовремена технологија за автоматско паркирање, со влезно-излезен терминал, терминал за предавање на возилото, наплатен терминал, информативен систем, следење на процесот на преземање на возилото и идентификација за слободен лифт. Покрај паркирање, во објектот има и други содржини – кафе-ресторан во приземјето и ресторан-видиковец во поткровјето, со вкупна површина од 1.283 метри квадратни.

Барокни сендвичари и трафики

Наскорона плоштадот  ќе бидат поставени и  барокни сендвичари и трафики на местото.

Barokna Sendvicara viz02

 

Нови фасади на ЕВН и трговскиот центар Сити Галери

Новиот изглед на зградата во која е сместено “ЕВН Македонија” на Плоштад, веќе се гледа. Стаклото од фасадата на првите катови е заменето со бетон. Направени се отвори за прозорци на места каде што досега немало, па од рамките се гледаат цигли.

 

Исто такак од предн неколку дена започнаа подготовките за изградбата на барокната фасада на трговскиот центар “Сити галери” на плоштад.

 

 

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1