Еве како: Направете си дома ќебапи како од ќебапчилница


Состојки:

● 750 грама телешко месо
● 250 грама овчо месо
● 1 лажица сол
● 1 лажица вегета
● 1 лажица бибер
● ½ главица лук
● 1 лажица кајмак
● Малку минерална вода

cevapiЗадолжителни прилози:

● Голема количина на буковец
● Кајмак или ајвар, по желба

Потребни состојки за прелив за лепчето:

● Зовриена вода
● Малку говедско месо или говедска супа во коцка
● Малку масло
● Магдонос
● Бел лук
● Бибер

Подготовка на преливот:

Во еден сад ставете ги сите зачини, додавајќи го маслото, говедската супа и водата, оставете  да зоврие.

kebapi3

Подготовка на ќебапчињата:

– Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.

– Во блендер иситнете го лукот, од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да потстои неколку часа во фрижидер… Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот во текот на една ноќ.

– Обликувајте го месото. Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.

– Откако ќе завршите со печењето, врз месото истурете го преливот – оставете помала количина со која ќе ги премачкате лепчињата и истите потоа малку ќе ги запечете.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1