Еве како Ноле и ја честиташе годишницата на Јелена


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена прославија една година во бракот, пишува српски „Телеграф“.

Денот за паметење се наоѓа зад Новак Ѓоковиќ кој се пласираше во финалето на Вимблдон. Сепак, она најважно за него е дека ја прославил првата годишнина од бракот од Јелена.jelena nole

Оттука и не чуди романтичната порака која Новак ја оставил за Јелена на својот профил на Фејсбук.

„Вечерва имам многу причини за славење. Најважна е првата годишнина од бракот. Една година сме во брак и 10 години заедно, мојата љубов и јас. Старееме заедно“, гласи статусот на Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер в недела ќе игра за својот трет трофеј на Вимблдон со противникот Роџер Федерер, кој го совлада Енди Марej со 3:0.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1