Тешка сообраќајка кај Демир Капија: Загина жена – повредени бебе и 3 годишно дете


Полицијата го утврди идентитетот на жената која утринава загина во сообраќајна несреќа кај Демир Капија

Станува збор за 63-годишната Миланка К. од Белград која животот го загуби на лице место, откако автомобилот „Цитроен“ со српски регистерски таблички кој го управувал 40-годишниот белграѓанец М.К. излетал од коловозот.soobrakajka - brza pomos

Во несреќата покрај возачот, со повреди се здобила и неговата сопруга 38-годишната А.К., како и нивните две малолетни деца, 9-месечно бебе и три годишно детенце.

Повредените по укажаната лекарска помош во велешката болница, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата ги утврдува причините за несреќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1