Неколку совети и мали трикови кои ќе ви помогнат и ќе го забрзаат полнењето на вашиот телефон.
Изгасете го
Ако сакате телефонот да се наполни побрзо, тогаш едноставно изгасете го доколку имате можност. Со тоа, логиката вели дека нема да троши воопшто батерија за работа, а истовремено ќе се полни.
Доколку пак не сакате целонсо да го изгасите уредот, тогаш можете да го ставите во Airplane mode (во вашето Settings мени), со што телефонот ќе прекине да ги користи мобилните мрежи, 3G интернетот и Wi-Fi-то.
Финално, ако не ви се допаѓа ниту ова, пробајте да не го користите додека се полни.