Последното зрно кафе – Ќе исчезне ли кафето?


Спротивно на општото мислење, последиците од глобалното затоплување се чувствуваат секојдневно и тоа на локалните пазари.

Како климатските промени ќе влијаат на глобалниот недостиг на кафе?
Повеќе истражувања во последните години укажуваат на непријатна околност дека кафето може да биде едно од растенијата кои најтешко ќе ги поднесе климатските промени, пред се ако се има предвид каде и како денес се одгледува кафето. Но, каква врска воопшто има глобалното затоплување со кафето?

coffe

Имено, спротивно на општото мислење, последиците од глобалното затоплување не се егзотична работа, т.е. не се нешто што ќе се случи само таму некаде далеку од нашите животи, на потонати тропски острови или барем во Венеција која ќе потоне во вода. Последиците од локалното затоплување веќе ги чувствуваме и локално, во зачестената појава на климатски екстреми, топлотни бранови и поплави.

Но, последиците од глобалното затоплување се чувствуваат секојдневно и тоа на локалните пазари.

Трошоците за производство во услови на зачестени суши, но и други фактори кои се предизвикани од глобалното затоплување, доведуваат до раст на светските цени на житариците и практично на сите намирници. Некои намирници на кои сме навикнати во локалната самопослуга ќе бидат посебно погодени. Во не така далечна иднина, на пример, обичното кафе може да стане поскапоцено од најквалитетните вина.

Температура

Дневно во светот се пијат дури 1,6 милијарди филџани кафе. За да биде тоа можно, кафето се одгледува во 70 држави, но дури две третини од светското производство е на Кафе Арабика, изворна сорта на кафе кое е самоникло во Етиопија и од кое потекнуваат над 60 отсто денешни видови на кафе.

Меѓутоа, Арабика е многу чувствителна на условите во кои се одгледува. Обично се одгледува во области кои се на надморски височини од 1000 до 2000 метри, а најдобро расте при температура на воздухот од 18 до 21 степен Целзијус.

kafeАко е долго изложена на температура повисока од 30 степени, почнува да ги губи лисјата, да се суши и да се разболува. На несреќа на љубителите на кафе, модерните климатски модели покажуваат дека токму областите во Африка, Јужна Америка и Азија во кои се одгледува Арабика, ќе претрпат голем раст на температурата поради глобалното затоплување. Идеалните температурни услови ќе исчезнат, а како резултат ќе се добијат помали приноси и на крај повисока цена на кафето во блиските продавници.

Според прогнозите од извештајот на Меѓународниот панел за климатските промени, од сегашната состојба на емисијата на ЦО2, најлошо очекувано сценарио до 2060 е раст на глобалната тепмература од четири степени Целзијусови. Во подобро сценарио, таков раст се очекува до 2100 година.

По кафето тие некако ќе излезат целосно неповолни. Друг проблем кој ја очекува Арабика е нарушување на врнежите. Во областите каде успева Арабика се очекуваат суши, а таму каде сушите не се многу веројатни, се очекуваат зачестени поплави. Едноставно, во глобално затоплениот свет за кафето повеќе нема да има добро место.

Климатски паразити

На најсериозниот проблем кој ќе ја погоди Арабика во следните децении укажуваат научните трудови на Меѓународниот институт за физиологија и екологија на инсекти од Најроби во Кенија. Оваа серија трудови укажува на тоа дека растот на температурата дополнително ќе поттикне размножување на најопасниот паразит кој го напаѓа кафето.

kafe1Се работи за кафена жишка, инсект со латинско име Hypothenemus hampei, чија популација, врз основа на резултатите од компјутерските симулации, буквално двојно ќе се зголеми со растот на температурата за еден степен. Со идното намножување овој инсект уште повеќе ќе се размножува и ќе достигне таква бројност на популацијата што за Арабика ќе биде невозможно да се заштити од овој армагедон на кафе.

Арабика има умерен, деликатен вкус и додека условите за нејзино одгледување се поволни, земјоделците во светот ја одгледуваат бидејќи постигнува висока цена на пазарот. Во следните децении таа цена ќе биде многукратно повисока.

Не е исклучено само за неколку децении кафето кое е сосема вообичаено во секој дом, да стане симбол за престиж, намирница достапна само на најбогатите.

Меѓутоа, кафето не е единствена намирница која ќе претрпе последици од климатските промени ако тие доведат до раст поголем од два степена до крајот на векот.

Европски култури

Очекуваните последици од глобалното затоплување ќе ги почувствуваат и некои домашни, европски растителни култури. Имено, кога се работи за Европа, според последниот извештај на Европската агенција за животна средина веќе до 2050 година се очекува раст на температурата за околу еден степен на Британските острови, околу 1,5 во Западна и Централна Европа и на западниот дел од Скандинавија, додека во Источна Европа, се очекува раст на средната температура за два степена.

И додека, според овој извештај се предвидуваат поплави во разни краишта, а опасните топлотни бранови буквално ги има секаде на југот на Европа и во централна Франција, одгледувањето на житарките поради сушите, најголеми последици ќе претрпи на југот на Британија, на југот на Франција и во северна Полска.

Тоа значи само едно, повисоки цени на храната. Цените на намирниците во локалните самопослуги, инаку се се поскапи. А дел од тие цени не се последица само од евентуален монопол, погрешна политика во секторот за земјоделство или општата криза во земјата. Нешто е и до растот на глобалната температура. Сетете се на тоа додека варите кафе на неекономичен шпорет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1