Поради изградба на пат и нов парк, една зграда стара 105 години во главниот град на Азербејџан, Баку ќе биде поместена за десетина метри.
Во централниот историски дел на градот локалните власти започна со преуредување на околината и изградила парк од 70.000 метри квадратни. Поради изградбата на овој парк некои згради мора да бидат урнати, но властите одлучиле оваа историска зграда, сепак, да биде само поместена.
Поместувањето на зградата, тешка 18 тони, не е лесно за изведување и во целата операција се употребени 210 хидраулични механизми само за да може зградата да биде подигната.
Процесот на поместување ќе трае четири дена, а поставувањето темели две недели, по што ќе започне реставрација на зградата.