Еве како сами да си го направите најздравиот јаболков оцет


Состојки: Непрскани јаболка Шеќер

Подготовка:

jabukovo-sirce-740x555Добро измијте ги јаболката, отстранете ги дршките и заедно со семките сомелете ги во машина за мелење на месо. Доколку јаболката не се доволно сочни, на секои 10 килограми можете да додадете по ¼ литар зовриена вода.

На оваа количина додадете и 100 грама шеќер. Добро измешајте, покријте го садот и оставете го на сонце или на топло место.

Повремено измешајте. Ферментацијата трае од 25-30 дена, а на сонце нешто помалку. По завршување на процесот на ферментација, смесата внимателно процедете ја низ газа и добиениот оцет ставете го во шишиња.

Доколку добро сте ја извеле постапката, оцетот треба да е со светло жолта боја. Доколку сакате воопшто да нема талог, најпрво исцедете со цедалка а потоа со повеќеслојна газа.

Рокот на траење на јаболковиот оцет е неограничен. Доколку во текот на чувањето се појави талог, слободно прецедете го.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1