Еве како се прават виршлите: Ако гледате никогаш повеќе нема да ги јадете (Видео)


Сите знаат дека виршлите не се најздрава храна на светот, но како и паштетата, евтини се, вкусни и лесни за подготвување. Но, кога ќе го видите процесот како настануваат , најверојатно следниот пат ќе размислите дали сакате да бидат ваш доручек или вечера.

virsli-05

Процесот на правење почнува со остатоци од свинско и говедско месо кои стигнуваат како отфрлени материјали од месарниците. Месото се меша и се пакува во големи пакувања во кои стигнува на производната лента. Тука нема „лош“ материјал и целокупната маса се става во огромни машини за мелење.

Во зависност од произведувачот во машината се внесува преработено пилешко месо кое на виршлите им дава препознатлив вкус.

Во оваа машина месото се меле додека не дојде до течна состојба. Работниците во фабриките додаваат скроб, сол и сенф во месото. Во зависност од производот кој се прави се додаваат и други вкусови. Смесата се прераборува се додека не добие изглед на пире, а сиот воздух кој се задржал со вакумот се истиснува.

virsli-02Мешавината е подготвена и е време да го добие познатиот облик. Во машината се уфрлуваат големи количини на црева од целулоза.

Работникот рачно го проверува квалитетот на производот, а лошите виршли се одвојуваат и повторно се преработуваат.Пирето од мешано месо и додатоци се втиснува во цревото од целулоза, а виршлите се насочуваат во просторијата за чадење каде им се додаваат дополнителни вкусови додека се печат и на крај се прекриваат со слој ладна, солена вода за да бидат доволно изладени за пакување.

Автоматската машина ги пакува виршлите и тое се подготвени за продажба.

Виршли, салами, паштети може да предизвикаат рак – покажало истражување
Видео: Само за оние со силен желудник- Како се прави виршлата?

Tags:

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1