Еве како шпионирав и го уништив НАТО – Исповед на СРПСКИОТ ЏЕЈМС БОНД (Видео)


Србија од 1995 година е шпионирана од НАТО, но вистинскиот подвиг го направил српскиот генерал Јован Милановиќ, по кого и е снимена ТВ серијата “Мојот роднина од село”.

Познато е дека ликот на познатиот разузнавач од акционите филмови Џејмс Бонд е направен по Србинот Душко Попов. Легендата на Втората светска војна, Душан Попов, работел за Англичаните, Германците и Србите. За Абвер бил шпионот Иван, за тајната служба МИ6 бил агентот Трицикл, а за југословенската влада – шпион Душко.

Danijel-Kreg-Dzejms-Bond-NATO-620x350

Меѓутоа, многу малку знаат дека Србија имала свој шпион и во НАТО, чиј лик и дело послужиле за ликот на главната улога во популарната ТВ серија “Мојот роднина од село”. Српски Телеграф ја пренесува приказната за полковникот Враниќ од малите екрани, но и за животот на генералот Јован Милановиќ која ќе ве остави без здив!

Генералот на Војската на Србија, Јован Милановиќ сигурно е најпознатиот модерен шпион во стилот на Џејмс Бонд чија приказна им послужила и на режисерите. Познато е и дека за овој случај реагирала и Карла дел Понте.

Овој храбар генерал бил и заменик на шефот на Разузнавачката служба на Армијата на Југославија и е првиот разузнавач на светот кој ги “провали” сите тајни на НАТО. Тој со извонредната акција во 1998 година успеал да дојде до добро чуваните планови на агресија врз Југославија. Поради тоа и наводниот напад врз Југославија кој требал да се случи во 1998 година се одложил за март следната година.

– По четири години престој во Брисел наликував на пајак кој сплетел мрежа и од некој агол чека да се фати некоја мува или некоја поголема жртва, изјавил за “Вести” овој храбар генерал.

JovanMilanovic

Според неговите изјави, Србија дошла до идеја да има свој шпион во НАТО, а иницијативата за ваквата одлука била конечна во 1994 година по интервенцијата на НАТО во Република Српска.

За својот храбар чин и како ги срушил плановите на најсилната воена алијанса на светот, генералот Јован Милановиќ раскажува во книгата “Србија и НАТО”.

– Јас сум можеби еден од оние луѓе во Србија, еден од офицерите или генералите, како сакате, кој најдолго беше во војна со НАТО. Ме испратија на разузнавачка мисија во Брисел, каде по проценка на државно ниво се донесе одлука од Врховниот совет за одбрана во 1995 година дека во периодот кој претстои кога ќе се добијат сите услови или кога тие ќе бидат испровоцирани да се случат воени дејства, односно агресија врз територијата на Србија. Мојата задача беше да развијам разузнавачка мрежа во структурите на НАТО, ЕУ, Партнерствата за мир и другите институции во Брисел кои се бават со геополитика. И тоа го направив, изјавил тој.

– До крајот на 1998 година до почетокот на планираната агресија, интелегентната мрежа која ја развив броеше повеќе од 10 луѓе – најмногу од дипломатските мисии во Брисел. Францускиот генерал, шефот на нивните воени делегации во НАТО, жестоко се противел за развивањето на плановите за агресија и одбивал ангажирање на Франција во овој злосторнички потфат. Се разбира по налог на француската влада. Сакајќи да се сретнам со него, го запознав шефот на неговиот кабинет, мајорот Пјер Андри Бинел. На 1 октомври го запознав во еден ресторан се со цел да го добијам изворниот план на агресија. Му признав дека го знам датумот на агресијата, ги знам објектите, целите, фазите, силата…Ме погледна и ме праша “Што точно знаеш?”. Јас му кажав се! Тогаш ме праша “Епа, што тогаш ти треба?”. Му признав дека ми требаат оригиналните планови. Тој и тоа го направи. За да ги изнесам документите од амбасадата излегов со две ќеси. Во едната беше ѓубре, а во другата некои неважни документи меѓу кои беа скриени и плановите. Ги преработив документите се со цел да ги избегнам процедурите на безбедност во разузнавачките служби. Следното утро ги пратив во Белград, додал тој, при тоа признавајќи дека за тие четири години колку што поминал во Брисел само еднаш се обиделе да го регрутираат и тоа на Американците.

Целта била да се регрутираат млади дипломати од српско потекло, втора генерација на иселеници Југославија.

Вистинскиот 007: Флеминг го опишувал него во авантурите за Џејмс Бонд!

Легендата на Втората светска војна, Душан Попов, работел за Англичаните, Германците и Србите. За Абвер бил шпионот Иван, за тајната служба МИ6 бил агентот Трицикл, а за југословенската влада – шпион Душко.

Душко Попов е легенда на Втората светска војна и светската шпионажа. Британците тврдат дека е еден од десетте најголеми британски шпиони. Истото го тврдат и Србите. За него биле напишани 36 книги. Шпионот познат под тајното име Трицикл, кој работел за британската тајна служба МИ6, му помагал на кралот и ги поматувал сметките на германски Абвер.

Бил одликуван со Орден на британската империја, едно од најголемите одликувања во Англија, но и со германски Крст. Починал во 1981-та година, не дочекувајќи ја својата 70-та. Неговиот син Марко Попов, дури на почетокот на 21-от век добил дозвола од МИ6 да го прегледа досието на својот татко во американското Федерално истражно биро и да ја открие неговата вистинска шпионска биографија.

sliki_novost_fail-mk-dusko-popov-james-bond-007

– Од ФБИ го добив досието на својот татко кое содржеше 2.870 страни. Било под ембарго половина век. Од тие документи се гледа дека приказните за мојот татко се вистинити”, рекол Марко Попов.

Прегледувајќи ја американската тајна документација, видел документи кои докажуваат дека Душан Попов прв ги известил Американците дека Јапонија ќе го нападне нивното воено пристаниште Перл Харбор. Од ФБИ во 1941-та година го сокриле тој податок.

Душко Попов бил роден во Тител во 1912-тата година, пораснал во Дубровник, а се образувал во Англија, Франција и Германија. Станал британски агент во Лондон во 1940-тата година, кога лично го примил сер Стјуарт Мензис. Британците го вратиле во Белград, каде што во ресторанот “Кај српскиот крал”, неговиот пријател Јохан Јебзен го регрутира да работи за Абвер.bond

Една од главните шпионски врски во Југославија бил неговиот брат др. Иван Попов, исто така британски шпион. Како маска за работа го формирале претпријатието “Хеморад А.Ц”. Попов организира мрежа од фиктивни шпиони на Абвер, кои до инвазијата на Франција, на германскиот Генералштаб му праќале лажни информации.

По окупацијата на Југославија во 1941-та година, Попов се пријавува во Југословенската влада за бегалци во Лондон и работи како нејзин службеник за специјални задачи. Така станал троен агент: За Абвер бил шпионот Иван, за тајната служба МИ6 бил агентот Трицикл, а за југословенската влада – шпион Душко.

– Беше комуникативен, шармантен и образован. Зборуваше германски, француски, англиски и српски. Германците како шпион го инсталираа во Лисабон, каде што на сојузниците им давал податоци за активностите на германските служби и се’ што се случувало во Рајхот. Не се знае точниот број на германски разузнавачи кои ги предал на сојузниците, но МИ6 верува дека биле стотина”, вели Марко Попов.

Душко Попов многу придонел за измама на Германците во Втората светска војна. Најважна од сите била операцијата “Фортитуде” која имала за цел да го измами Хитлер. Како шпион инсталиран во Абвер, тој ги информирал Германците дека сојузниците, за да ја ослободат Европа, ќе се истоварат на По де Кале, а дека истоварувањето на Нормандија е само американска и англиска мамка.

Полковникот Хенри Џулиен признал дека Душко бил лично заслужен за задржување на германските сили во По де Кале, три седмици по истоварувањето на Нормандија. Таа битка ја одлучила Втората светска војна.

Телеграф.рс

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1