Одстранување на нечистотијата и дамките без одлагање можете да ги направите сами во 3 чекори со помош на 3 делотворни средства.
Пред да се подготвите за темелно чистење на килимите потребно е целата површина да се помине со правосмукалка. Трите најголеми проблеми на килимот : нечистотијата заплетена на дното од килимот, дамките и непријатниот мирис. Следејќи чекор по чекор со помош на природи средства можете килимот да го доведете во ред.
1. Средство за длабонско перење на килимот
– ½ чаша сода бикарбона
-10 капки етерично масло чедра и 10 капки етерично масло од лимета
Сите состојки ставете ги во пластична кесичка и оставете да одстои еден ден. Смесата истурете ја по целата површина на килимот, попрскајте со малку вода и потоа со четка истријте го добро. Оставете да одстои најмалку половина час, потоа килимот повторно поминете го со правосмукалка.
2. Средство против дамките на килимот
– 3 дцл јаболков оцет
– 7 дцл сок од лимон
– ½ литар вода
– 1 лажица сода бикарбона
Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги па во него натопете ја четката и добро истријте ја површината посебно оние делови кај што имаат дамки. Бидејќи оваа смеса е од природни состојки кои не создаваат пена, килимот не е потребно да се мие туку само од кога ќе се исуши ќе го поминете со правосмукалка.
3 . Средство за одстранување непријатни мириси од килимот
-2 лажици природен течен сапун
– 40 мл бел оцет
-½ литар топла вода
– 6 капки етерично масло од лимон
Сите состојки ставете ги во стаклен сад и добро измешајте, на крајот претурете ги во шише со помош на шприци додадете вода. Добро протресете и попрскајте по целата површина на килимот, оставете околу 20, и потоа поминете го килимот со правосмукалка.
runway.mk