Дали некогаш сте забележале дека откако сте барале фен за коса на Амазон со денови сите портали токму гледаат фенови за коса, т.е. огласи за продажба на истите? Ако не сте или сте мислеле дека тоа е случајност, обрнете внимание. Маркетиншката шпионажа се случува на дури незамисливи начини и тоа со помош на роботи и акумулација на разни бази на податоци кои компаниите ги откриваат кој оглас е вистински за вас.
Маркетиншките фирми веќе имаат толку многу информации за вас што тие работи веројатно не ги знаете ни самите за себе. Ги дознаваат од социјалните мрежи, според термините кои ги пребарувате и страниците кои ги отворате, ако користат доволно паметни алгоритми кои им помагаат соодветно да ги анализираат податоците. Но, тоа не им е доста.
– Моментално многу веројатно ве гледаат стотици компании кои одлучуваат што би сакале да ви покажат – се наведува во натпис во Cracked.com кој донесува пет најморничави начини на кои фирмите ве шпионираат.
5. Телевизија која ве гледа и ве слуша
До американската управа за патенти и стокови марки стаса барање за патентирање на уред за кабловска телевизија која го детектира амбиентот во кој се наоѓа гледачот кога му се пуштаат реклами. Уредот е опремен со камери и микрофони и ќе ги прилагоди огласите кои ви се вртат на телевизија, зависно од тоа дали се галите со партнерот (ќе добиете реклами за кондоми, романтични музички албуми и слично, ако јадете ќе добиете огласи за храна, ако чистите или свирите, зборувате, читате играте игра…).
Вашиот телевизор значи веќе сега има способност да препознае дали пиете Пепси или Кока Кола и ќе избере кои огласи ќе ви ги емитува, ако го има овој уред. Идејата не е нова, на неа уште во 2010 година работела компанијата Мајкрософт. Таа технологија требала да ја скенира целата електронска пошта, СМС и страниците кои ги посетувате, да го гледа вашето лице додека сте пред компјутер. Зависно од вашата емоционална состојба, би пуштале огласи кои одговараат на истата.
4. Кукли кои изгледаат како луѓе и ве гледаат од продавниците
Надзорните андроиди наречени EyeSee Mannequin чинат 5.000 долари и направени се да ве гледаат додека купувате.
Ја препознаваат вашата раса, јазикот на кој зборувате, староста, полот и изразите на лицето. Сите овие информации се чуваат и анализираат, како за проучување на сопствената понуда и продавачите, така и за продажба на податоци на други продавници. Претпоставка е дека сопствениците ништо не ги спречува да ги вооружат куклите, сметајќи дека се во состојба да детектираат и крадци.
3. Производи кои ја откриваат вашата локација на улица
Нестле покрена кампања – Ќе ве пронајдеме, која се состоела од чипување на чоколадите. На купувачите им било ветувано дека некој од нив откако ќе купи чоколади ќе го дочека екипа на Нестле и ќе им врачи 10.000 фунти.
Но, ни ова не е нова идеја. Епл цело време ве тера да му ја откриете сопствената локација и тоа на начин што ве поттикнува да користите Епл ИД, т.е. единствена идентификација и постојано да ги ажурирате апликациите. Но, компјутерите се скапи, а чоколадото чини 1 долар. Оваа реклама на Нестле посебно е морничава, бидејќи зборува за тоа дека таа технологија за следење е всушност евтина и дека лесно може да се стави во што било.
2. Интернет страни кои знаат колку пари имате
Бидејќи нема пристоен начин потенцијалните купувачи да ги прашате за нивниот имот и плати, постои само индиректна проценка. Не е тешко да се направи преку Интернет, за разлика од продавниците во кои ве одмеруваат и заклучуваат дека немате пари и дека нема што да се трудат околу вас. Но, затоа постои начин да се процени вашиот компјутер. Патничката агенција Орбитз затоа разликува дали користите компјутер Мекинтош или Персонален компјутер и согласно на тоа пуштаат огласи за поскапи, т.е. за поевтини дестинации.
– Мекинтош се поскапи, што би требало да значи и дека нивните сопственици имаат многу пари да потрошат (под претпоставка дека токмуј сите вишок пари не испариле поради купување на паметен компјутер), наведува Cracked. Сепак, постојат истражувања кои покажуваат дека сопствениците на Мек компјутери заработуваат 30 отсто повеќе од корисницте на ПЦ, а тоа се главно мажи кои се и самци. Поради тоа, ако сте самец кој користи МacBook Pro, можете да очекувате огласи за скап накит, луксузни автомобили и слично.
1. Маркетиншки фирми кои ја следат вашата здравствена состојба
Њујоршката маркетиншка фирма Епик неодамна е фатена како користи огласи на околу 24.000 интернет страници за да шпионира кои болести нивните корисници најчесто ги бараат на интернет. Меѓу тие страници биле и Си-Ен-Ен, Амазон и други посетени портали.
Се собираат информации за потенцијални здравствени проблеми за полесно да се прилагодат маркетиншките компании. Ако корисниците на тие страници на пример барале инконтиненција, би добивале огласи за пелени за возрасни, лекови за мочниот систем и слично.
Под нормални околности, податоците за човековото здравје се доверливи. Тоа го препозна и Федералната комисија за трговија, која на Епик и нареди да ги уништи своите бази на податоци, која веќе опфаќала милиони луѓе.