Во белградската зоолошка градина беше повредено двегодишно девојче, откако волк и скокна од зад грб. Волкот бил шетан од волонтерка во зоолошката и во еден момент ненадејно се отргнал и и’ скокнал врз девојчето од зад грб.
Двегодишното дете со автомобил на итната помош беше пренесено во детската болница. На прашањето зошто се шетаат овие диви животни меѓу децата директорот одговорил дека немаат многу место зо ЗОО и затоа кога нема многу гужва ги шетаат животните. Според него инцидентот бил преувеличен и се работело за мали повреди и веројатно детето го закачало животното.
Сепак денес до медиумите е доставена снимка на која се гледа дека девојчето го држи дедото за рака и само си оди а волкот одненадеш се фрла и го гризе и влече девојчето за јакната. Што ќе се слчело ако успеал да ја загризе за главата или вратот?