Еве каква е состојбата на улиците низ Скопје


Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот, дека на сите улици и булевари регистрира сообраќај без застој и ги информира возчите дека на сите крстосници и сообраќајници во Скопје, сообраќајот се одвива непречено.goce delcev soobrakjajka

Погуст сообраќај ЦУКС бележи на булеварот Свети Климент Охридски и тоа во двете насоки и од улицата Димитрије Чуповски кон Соборниот Храм но и од крстосувањето со булевар Илинден кон крстосувањето со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов. Полема раздвиженост на возила ЦУКС регистрира долж булеварот Илинден од Зоолошката градина во Скопје кон булеварот 8-ми септември на крстосницата кај МИДА, но возила има и во обратната насока т.е. кон зградата на Владата на Република Македонија.

Поголем застој на возила се забележува долж мостот Гоце Делчев во правец од булеварот ВМРО кон Универзитетска библиотека. ЦУКС во овој период од денот регистрира зголем број возила и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во правец од Центар кон населба Козле, потоа на булеварот Киро Глигоров и тоа во двете насоки и кон населба Железара и кон мостот Тодор Александров во Аеродром, па на булеварот Александар Македонски во Автокоманда кон излез на Скопје, но и на улицата Свети Кирил и Методиј кај Рамстор Мол во правец кон булеварот Мајка Тереза и кон улицата Јордан Мијалков или поранешна улица Железничка.

Помал застој на возила се евидентира и на семафорот на крстосницата на булевар Македонија, со улицата 11 октомври во правец од поранешен Јужен булевар кон Центар, Кисела Вода и улицата Пролет, но и на семафорите на крстосницата на улицата 11 Октомври со булеварот Кочо Рацин во правец од Центар кон Кисела Вода. Во овој период од денот, раздвижување во однос на сообраќајот се регистрира скоро низ целото централно градско подрачје како и на булеварите Илинден, Партизански Одреди како и на булеварот Гоце Делчев.

Град Скопје и Центарот за управување и контрола на сообраќајот сепак апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни кога возат, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да носат безбедносен појас, да не возат под дејство на алкохол и да возат според пропишаната брзина и условите на патот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1