Еве какво ќе биде времето денес и до крајот на неделата


Денес ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Попладне во западните, северозападните и северните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури од 8 до 18 степени, а максималните дневни ќе се движат од 20 до 30 степени.

mk skopje vodno sonce22

Во среда умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестбилно со локални врнежи од дожд ќе биде во крајните источни, североисточни и северозападни предели. Утринските температури од 7 до 17 степени, а максималните дневни ќе се движат од 23 до 33 степени.

Во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 7 до 17 степени, а максималните температури ќе се движат во интервал од 22 од 32 степени.

Weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1