Во текот на новогодишната ноќ ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од минус 15 до минус четири, а во Скопје до минус девет степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.
Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од 20 до 11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од 5 до 5 степени.
До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на голомразица. Ќе дува северен ветер повеќе изразен на повисоките места и на планините.
Од сабота се очекува постепено затоплување, односно покачување на дневната и на утринската температура.