Денес претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури од 14°C до 21°C.
Во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди но и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури од 15°C до 23°C.
Нестабилното време со повремени кратки сончеви периоди но и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе продолжи и во четврток за 1 мај. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°C односно до 23°C.
Во соработка со weather4all.com.mk