Еве какво време не очекува за продолжениот викенд


Петок 2 јуни 2017 година, пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.ac

Оттаму додаваат дека неработниот ден е согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Тоа значи дека добиваме продолжен викенд наредната недела.

За жал, времето нема да ни се погоди. До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планинските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат поројни врнежи од дожд проследени со грмежи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1