Петнаесетина лица се приведени попладнево, во акција на полициските Алфи во кругот на Меѓуградската автобуска станица.
Како што дознаваме, уапсени биле околу 15 мигранти од Сирија, Сомалија и Авганистан кои биле затекнати таму.
Засега не е познато како мигрантите дошле во Македонија и кој бил нивниот понатамошен план.
Од полицијата потврдуваат дека приведени се неколку лица и се работи на расчистување на случајот.