Крвнички претепан екс сопругот на Гоца Тржан среде Белград (Видео/Фото)


Поранешниот сопруг на пејачката Гоца Тржан, Иван Маринковиќ, синоќа околу 19 часот бил брутално претепан сред раскрсница, недалеку од неговиот стан, пишува српски Курир.

6-goca-trzan-ivan-marinkovicДодека уплаќал ливче во обложувалница, еден маж влегол внатре и насилно го извадил надвор.

Во тој момент група момци истрчале од бел автомобил и го тепале со тупаници по глава, а потоа го совладале на зeмја и го шутирале со нозе.

-Главната причина за нападот била поранешната девојка на Иван, со која бил во врска пред две и пол години. Тој во Ургентниот центар дал изјава дека бил претепан од една позната личност од машки пол, кој во последните денови му се заканувал, открил извор и додал дека Маринковиќ е пуштен на домашно лекување.

Кога завршиле со тепањето, напаѓачите побегнале, а Иван итно бил однесен во Ургентниот центар.

-Маринковиќ во клиниката беше донесен пред 20 часот и веднаш му беше направен скенер на глава и ултразвук на стомакот, а потоа и максилофацијална хируршка интервенција.

hitportal-ivan-marinkovic

Резултатите се добри и лекарите констатираа лесни телесни повреди, но доколку не се придржува до упатствата, здравствената состојба може да му се влоши.

Лицето и телото му се покриени со модрици и добро е што нема внатрешно крвавење“, додал извор од Ургентниот центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1