Како се бира „Мис“ – Елитна проституција на изборот на Мис на Босна?!


Мерима Хаџиќ, 23 годишната девојка од Сараево која во 2011 година се натпреварувала на изборот за Мис на Босна и Херцеговина раскажала за сè она кое го преживеала. Таа го обвинила сопственикот на лиценцата за Избор на Мис, Здравко Зубак.

Наводно, Мерима била испровоцирана од текстот на kurir-info.rs насловен “Колку чини титула на Мис на Босна и Хергеговина и кој навистина ја одбира” по што решила на својот Фејсбук профил да напише дека и таа била дел од натпреварот.mis bosna

-Учествував на еден од овие избори. Дознав од прва рака дека победуваа онаа која има најдобар спонзор или спонзори. Уште полошо е што овие избори се извор на проституција, напишала Мерима Хаџиќ.

Во отворениот разговор со новинарите на kurir-info.rs Мерима го раскажала своето искуство од Изборот за Мис во 2011 година.

-Условите во кои се подготвувавме беа катастрофални. Во некоја нива, далеку од центарот на градот каде немаше никаква цивилизација. Исто така, начинот на кои бевме третирани беше понижувачки. Се однесуваа со нас како да сме стока, додала таа.

Условот за влез на натпреварот било да се потпише договор во кој стои дека учесничката мора да има спонзор/и.

-Сето ова ми беше чудно. Знаев дека на ваквите избори за убавина не треба да бидат влез спонзорите. Јас немав спонзори, ниту пак барав. Па така од самиот старт знаевме која учесничка е потенцијален победник (Снежана Кузмановиќ), изјавила Мерима, при тоа потсетувајќи се дека неколку дена подоцна од стартот на подготовките се појавила и некоја Лејла која исто така учествувала на изборот за Мис.

Screenshot_53

-Тој ден сите бевме на фотосесија кај сараевскиот фотограф Енсад Адиловиќ каде ги снимавме официјалните фотографии. Енсад е еден од постојаните фотографи на Изборот за Мис на БиХ и на модната агенција “ABC Models” која пак е во сопственост на Здравко Зубак и неговата сестра и зетот, додала таа.

Според сведоштвото на Мерима, учесничките требале да потпишат еден тип на договор кај фотографот во кој пишувало дека тие мора да имаат спонзор кој ќе ги плаќа трошоците. Освен тоа, тие требале да платат за фотографиите што во превод би значело дека девојките плаќаат за да бидат на Изборот за Мис.

-Изборот за Мис е чиста елитна проституција, вели Мерима и додава дека со неа се сложуваат многу девојки – учеснички.

Мерима раскажала и за непријатната случка која ја имала со фотографот Енсад кој ја терал да се слика гола. За неа ваквата понуда била неприфатлива и одвратна.

-Ми рече дека сака да ми биде дечко и сакаше да ме пољуби. Истите зборови ги употребил и на учесничката Лејла, чие презиме не го знам. Лејла се согласила да се слика гола, но подоцна кога сфати што направила, решила да си ги побара фотографиите назад. Му се закани дека ќе го тужи, а тој и кажа дека доколку го направи тоа ќе мора да ги објави голите фотографии, раскажува Хаџиќ.

Taa присуствувала и на една од ревиите на модната агенција “ABC Models”, при тоа истакнувајќи дека сите оние девојки кои учествуваат на изборот мора да потпишат договор со агенцијата.

-На ревијата видов како ги искористуваат девојките. Не сакав да го потпишам тој договор, бидејќи на тој начин стануваме робови кои работат за ич пари. На тие девојки им е наредено да заведуваат и по секоја цена да носат спонзори, раскажува Хаџиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1