Ова е одлуката за помилување на осудени лица по повод Нова година, објавена во Службен весник на 24.12. 2013.
Иванов помилува целосно и осуден убиец кој во 2006 год. добил 11 годишна затворска казна за убиство на бугарската државјанка Јорданка Родева.
Трајче Котевски од Делчево, според медиумските извештаи во 2005-та година со 20 убоди со нож под дејство на алкохол , извршил убиство на својата љубовница Родева.
Иванов помилува целосно уште 10 осуденици, додека 42-ца добија делумно помилување меѓу два и 9 месеци од преостанатата казна што осудениците ја издржуваат во македонските затвори.Меѓу 53-цата помилувани има само една жена.
Foto – Kanal 5