Еве кои ќе бидат новите министри


Без речиси никакви промени ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ја формираат новата влада. Високи извори од најголемата албанска партија во земјава брифираат дека преговорите се во завршна фаза, а кадровските решенија официјално на јавноста ќе и бидат соопштени на 9 или на 10 јуни.

gruevski_ahmeti_644841773Според последните информации кои ги објавува Вечер, единствено ќе има промена во Министерството за одбрана, од кое ДУИ се откажува во овој владин мандат. Се очекува на местото кое досега го држеше Талат Џафери да седне генералниот секретар Емил Димитриев, кој досега беше заменик-министер за одбрана. Во замена за ова место ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му го отстапува Министерството за труд и социјала. Нема информации кој од кадрите на ДУИ ќе седне во оваа фотелја, ниту, пак, дали Диме Спасов ќе остане во Собранието, каде што беше избран како пратеник или пак, повторно ќе добие нова функција во извршната власт.

Извесно станува дека нема да има рокади ниту во Министерството за внатрешни работи, каде што Јанкуловска е на чело веќе 3 мандати. Иако извори не ја отфрлаат оваа можност, сепак, мали се шансите министерката за внатрешни работи да си замине од функцијата. Речиси сигурно е дека Ставрески останува на позицијата министер за финансии и најверојатно, повторно ќе добие и вицепремиерска позиција, а промени не се очекуваат ниту во секторите Здравство и Култура.
Иако се шпекулираше дека ДУИ ќе го отстапи Министерството за правда, станува извесно дека интегративците и во новиот мандат ќе раководат со овој ресор.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот дека нема да изнесуваат детали од преговорите се додека тие не завршат.

Вечер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1