Еве кои продукти не смеете да ги чувате во ладилникот


Иако често веруваме дека чувањето на продуктите во фрижидер е најдобар начин за зачувување на свежината, со некои видови на храна тоа не е случај. Ако ладилникот ви е преполн би требало да знаете кои продукти не мора да ги чувате во него.

fridge

Компир
Стоењето во фрижидер го менува вкусот на компирот, затоа ставете го во хартиени ќеси кои нема да ја задржуваат влагата како пластичните. Зошто хартиено ќесе? Хартијата од сите амбалажи е најпровидна. А ладилникот треба да се избегнува, бидејќи студеното го забрзува претворањето на скроб во шеќер, со што може да се расипе вкусот на компирот.

Леб
Ако ставите леб во фрижидер, тој побрзо ќе се исуши. Чувајте го на собна температура, а во случај да сакате да го спасите остатокот за кој верувате дека нема да стасате да го изедете пред да стврдне – ставете го во замрзнувач.

Кромид
Кромидот треба да стои на место каде што циркулира воздух, само внимавајте да не го оставите покрај компирот кој емитува влага, бидејќи на тој начин побрзо ќе се распадне.

Лук
На воздух може да издржи и до два месеци, затоа нема потреба да го ставате во фрижидер.

Домати
За нив исто така подобро е да стојат на место на кое воздухот слободно циркулира, но внимавајте да не го ставате во пластични ќеси. За да останат подолго време свежи, доматите ставете ги хартиени ќеси.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1