Еве кои се обичаите за Велигден


Сабота – исчекување на христовото воскресение.

VELIGDENНа овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. На Велигден ранонаутро сите одат во црква за да чујат „Христос воскресе“ и да се причестат. По литургијата во црквата, се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.

Уште ранонаутро децата убаво облечени одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Особена радост претставува обичајот со кршкање со јајцата. Притоа тој чиешто јајце ќе победи, му го зема (му го печали или типосува) јајцето на другиот, чиешто се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро.

Еве некои од обичаите меѓу македонскиот народ

– За Велигден треба да се стане рано и да не се отиде на спиење пред полноќ. Ако се оди на спиење пред полноќ, тоа значи дека до следниот Велигден лицето ќе биде поспано и мрзливо.

– Наутро треба да се измиеме со вода во која е потопен дрен, здравец, босилок и црвено велигденско јајце.

– Децата треба да се намачкаат со црвено јајце, да бидат црвени и здрави во текот на годината.

– Прво да се омрсат со велигденско јајце.

– Ако Велигден се падне пред Ѓурѓовден не се јадело јагнешко месо.

– За Велигден се меси посебно лепче.

– На ден Велигден се кријат јајца и колачи по дворот и дома во куќата, па децата ги бараат скриените подароци.

– Свеќите кои се држат во рака пред црква додека се чека симболичното воскреснување на Исус се чуваат цела година – се замислува една желба.

– Чукањето со јајца – оној чие јајце ќе остане читаво ќе има најмногу среќа до наредниот Велигден

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1