Еве кои школи штрајкуваат – средношколците направија мапа


Средношколците денеска започнале со мапирање на Google Maps на сите училишта кои ја бојкотираат наставата во Македонија.

Тие очекуваат нови училишта да се приклучат на бојкотот и нагласуваат дека досега бојкотираат 12.170 ученици во целата земја.mapiranje bojkot

Досега во Македонија наставата ја бојкотираат повеќе од 13 училишта, од кои девет се во Скопје, а се очекува бројот драстично да се зголеми. Иако се подложени на големи закани, средношколците велат дека ќе издржат до крај и ќе се изборат за своите права.

Бојкотот наликува на слободната зона на факултетите, со креативни предавања и настани, со големи и мали одмори, како секој училишен ден. Во дел од училиштата учениците се во холовите, некаде се во училниците и бојкотираат, а некаде не им е дозволено ни да пристапат до влезната врата на училиштето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1