Еве кои станаа градоначлници во прв круг – а кои ќе се борат во втор (Листа)


karta-mkd-opstiniЗа 51 општина заврши гласањето во прв круг, а во втор круг гласање ќе има во 29 општини и градот Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на ДИК Борис Кондарко врз основа на првичните неофицијални резултати што ги имаат добиено од страна на општинските изборни комисии, пренесе МИА.

ПРВ КРУГ

Аеродром – одѕив 67,63 проценти, Ивица Коневски кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ добил 25.814 гласови односно 60,14 проценти од вкупниот број гласови.

Босилово – одѕив 72,15 проценти, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Колев добил 4.424 гласа, односно 51,76 проценти од гласовите.

Боговиње – Кандидатот на ДУИ Хазби Идризи освоил 6.039 гласови  или 51,82 проценти од гласовите.

Гевгелија – одѕив 83,57, кандидатот Иван Франгов од коалицијата „За подобра Македонија“ 8.722 или 53,82 проценти.

Градско – одѕив 76,88, кандидатот Жанета Чушевска од коалицијата „За подобра Македонија“ 1.221 или 50,79 проценти.

Василево – одѕив 73,91, кандидатот Ванчо Стојанов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 4.482 или 61,14 проценти.

Демир Капија – одѕив 85,11, кандидатот Трајче Димитриев од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.933 или 66,68 проценти.

Дојран – одѕив 83,28, кандидатот Борче Стамов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.278 или 55,66 проценти.

Зелениково – одѕив 79,01, канадидатот Веле Груевски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.476 или 51,25 проценти.

Илинден – одѕив 73,32,  Жика Стојановски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 6.542 или 66,21 проценти.

Валандово – одѕив 78,27, Николче Чурминовски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 4.659 гласа.

Вевчани – одѕив 85,40, Цветом Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ со 64,05 проценти од гласовите.

Виница – Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ освои 6.650 гласа, а излезноста е 65,37.

Гази Баба – Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 21.231 глас, 62,02 проценти одѕив на граѓаните.

Дебар – Ружди Љата од ДУИ победи со 6.056 гласа одѕивот 51,24 проценти.

Демир Хисар – 82,85 одѕив, Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ  со 3.411 гласови.

Желино – Кандидатот за градоначалник на ДУИ Фатмир Измири 4.985 гласа.

Зрновци – одѕив 68,87, кандидатот Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ со 1.076.

Кисела Вода – 65,48 одѕив, Билјана Беличанец Алексиќ со 20.214 гласа.

Кичево – одѕив 68,63, Фатмир Дехари од ДУИ 17.041 гласа.

Конче – Благој Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ со 1.326 гласа, одѕив 83,45 проценти

Кратово – Мите Андоновски од коалицијата „За подобра Македонија“ осовил 3.910 гласа.

Крива Паланка – Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ со 6.992 и одѕив 80,28 проценти.

Кривогаштани – Тони Затковски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 2.115 гласа и одѕив 80,95 проценти.

Крушево – одѕив 78,56 проценти, Ѓорги Дамчевски освоил 3.429.

Липково – одѕив 52,21 проценти, Садула Дураку од ДУИ освоил 6.073.

Маврово – Ростуше- Мукрем Мемеди освоил 2.072, а одѕивот бил 3,11 проценти.

Македонска Каменица – Дарко Митевски е победник со 65,58 проценти од гласовите, а одѕивот е 76,24.

Неготино – Ванчо Апостолов од ВМРО – ДПМНЕ добил 6.957 и одѕив на гласачите 78,53 отсто.

Новаци – одѕив 76,41, Лазар Котевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 1.837.

Ново Село – Блажо Велковски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 3.335 гласа, а  одѕивот бил 59,71 процент.

Охрид – одѕив 68,57 проценти, Никола Бакрачески добил 19.870 гласа.

Петровец – одѕив 74,72 проценти, Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ добил 3.663 гласа.

Пехчево – одѕив 83,71 процент, Игор Поповски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 2.319 гласа.

Пласница – одѕив 60,90 проценти, Исмаил Јаковски освоил 1.585 гласа.

Прилеп – одѕив 76,40 проценти, Марјан Ристески од ВМРО – ДПМНЕ добил 28.034 гласа.

Пробиштип – Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 7.023 гласа, а одѕивот бил 75,78 проценти.

Радовиш – Сашо Николов од ВМРО-ДПМНЕ освоени 10.026 и одѕив 73,17 проценти.

Росоман – Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ со 1.516 гласа и одѕив 85,06 проценти.

Сарај – одѕив 58,58 проценти, Беким Мурати од ДУИ  освоил 8.888 гласа.

Свети Николе – одѕив 80,80, Зоран Тасев од ВМРО-ДПМНЕ со 7.363.

Сопиште – Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.923 гласа и одѕив на гласачите од 76,70 проценти.

Чаир – Од ДУИ Изет Меџити добил 16.110 гласа, одѕив 56,43  проценти.

Чашка – Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ со 2.400 гласа, а  одѕив 70,09 проценти.

Центар Жупа – одѕив 56,83 проценти, Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците  освоил 1.844.

Чучер Сандево – одѕив 77,56 проценти, Јован Пејковски од група избирачи  со освоени 3.333 гласа.

Штип – Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ со освоил 18.560, одѕивот бил 75,89 проценти.

Шуто Оризари – Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите со освоени 4.994 гласа и одѕив 49,05 проценти.

Струмица – Зоран Заев од СДСМ добил 18.999, а одѕивот бил 77,80 проценти.

Ранковце – Момчило Алексовски од СДСМ освоил 1.474, со одѕив 86,23 проценти.

ВТОР КРУГ

Арачиново – Брахим Ајваз од ДУИ со 2.453  и Басри Бајрами независен кандидат 1.944 гласа, со одѕив на гласачите од 61,97 проценти.

Берово – Драги Наџински од ВМРО- ДПМНЕ со 4.438 гласа  и Ѕвонко Пекевски од СДСМ со 4.422, со одѕив 81,96 проценти.

Богданци – Анастасија Колумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 2.342 и Зоран Прочков од СДСМ со 2.656 и одѕив 76,52 отсто.

Брвеница – Енвер Бајазити од ДУИ со освоени 2.394 и Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ со 2.899 и одѕив 58,37 проценти.

Велес – одѕив 71,01 проценти, Славчо Чадиев од коалицијата „За подобра Македонија“ со 15.110 или 46 проценти, а Аце Коцевски од „Сојузот за иднината“ 16.163 или 49,2 проценти.

Врапчиште – одѕив 50,33, Бајрам Кадира од ДУИ освоил 4.236 или 35,93 проценти, а Исен Шабани од ДПА 3.844 или 32.60 проценти

Дебарца – одѕив 73,78, Игор Трајкоски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.573 или 46,66 проценти, а Љупчо Којчиновски од „Сојузот за иднината“ 1.634 или 48,47 проценти.

Делчево – Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ добил 5.443 додека Голубчо Ангелов од СДСМ 4.507, со одѕив 74,62 проценти.

Долнени – Боше Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 2.188 и Абдула Бајрамовски од ДУИ 1.931 и одѕив 71,20 проценти.

Јегуновце – Дарко Блажевски од СДСМ освоил 2.165 и Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.831, со одѕив 61,78 проценти од гласачите.

Карбинци – Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со 1.002 гласа и Ристе Бањеглав од СДСМ со 667 и одѕив 83,12 проценти.

Кочани – Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ добил 11.295 гласа, а Миле Андонов од СДСМ со 10.630, одѕивот 71,73 проценти.

Куманово – Зоран Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.759 и Зоран Дамјановски од СДСМ со 19.320, со одѕив 62,88 проценти од гласачите.

Лозово – Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ добил 613 гласа, Ацо Велковски од СДСМ 511 гласа. Одѕивот е 84,51 проценти.

Могила – Стево Пивковски независен кандидат со 1.774 и Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.715 и одѕив 77, 14 проценти.

Старо Нагоричане – Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 1.117 и Власте Димковиќ од СНС 717. Одѕивот е 74,32 проценти.

Струга – Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ  освоил 14.497 и Зиадин Села од ДПА 11.414 гласа и одѕив од 63,09 проценти.

Студеничани – Фати Исеини од ДУИ  со 3.567 гласа и Азем Садику од ДПА со 2.971 гласа, а одѕивот е 58,91 проценти.

Теарце – Рухан Илази од ДПА со 4.399 гласа и Исен Асани од ДУИ со 4.387 и одѕив 52,02 проценти.

Тетово  – Тетуа Арифи од ДУИ освоила 18.429 гласа, а Сади Беџети од ДПА 15.116. Одѕивот е 60,91 проценти.

Чешиново – Облешево – Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ 1.786 и Горанчо Крстев од СДСМ 1.298 гласа, со одѕив 80,15 проценти.

Оштина Центар – Андреј Жерновски од коалицијата „Сојуз за иднината“ со 12.433 гласа и Владимир Тодоровиќ  до ВМРО-ДПМНЕ 11.094 галса, а одѕивот е 67,15 проценти.

Ѓорче Петров – одѕив 67,06 проценти, Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 10.874 гласа или 46,62, а Александар Наумовски од „Сојузот на иднината“ 10.353 или 44,39 проценти.

Кавадарци – одѕив 76,34 проценти, Александар Панов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.507 или 47,06 и Бетиан Китев  од „Сојузот за иднината“ освоил 6.752 или 27,62 проценти.

Карпош – одѕив 72,22 проценти, Стевчо Јакимовски од Српска напредна странка освоил 16.684 или 45,5 проценти, Андреј Петров 9.323 гласа или 25,42 проценти.

Ресен – Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 5.387, а Димитар Бузлевски 3.117 гласа, одѕив 68,59 проценти.

Гостивар – Руфи Османи од НДП освоил 14.278 и Невзат Бејта ДУИ 13.577, одѕив 52,42 проценти.

Бутел – одѕив 63,27, Петре Латиновски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 9.420 или 48,11 проценти, а Коста Начевски од Сојузот за иднината 4.525 или 23,11.

Битола – Владимир Талески  од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.598 и Менде Диневски од СДСМ 22.132, одѕив 70,07 проценти

Во градот Скопје Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ добил 133.765 гласа, а Јани Макрадули од Сојузот за иднината предводена од СДСМ 77.843 одѕив 63,90 проценти.

Izvor – Sky.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1