Од 751 мандат, Европските народни партии освоија 211 пратенички места во Европскиот парламент или 28,10 отсто освоени гласови.
На второ место се Европските социјалисти со освоени 25,7 отсто од гласовите што им донесе 193 пратенички места.
Трети се Прогресивните либерали и социјалисти со 74 пратенички места. Зелените се четврти со 58 освоени мандати. Обединетата левица има 47 места во новиот состав. Партиите обединети околу екстремно десничарските идеологии кои се против ЕУ освоија 5,33 отсто од гласовите на глсачите во Европа што им донесе 40 пратенички места. Најголем број од овие мандати одат кај Националниот фронт од Франција.
Европските конзервативци и реформатори имаат 39 пратеника. За независните кандидати кои не и припаѓаат на ниту една партија останаа 59 пратенички места.