Еве која е девојката што пријави дека во Министерството за економија има бомба


Полицијата ја откри девојката што во петокот се јави во редакцијата на „Дневник“ и лажно пријави дека зад Министерството за економија има поставено бомба, објави „Дневник“.

BOBAAВесникот пренесува дека станува збор за Ј.И.(32) од Скопје. Според полицијата, девојката била изреволтирана од односот на вработените во Министерството за економија каде што неколку дена по ред барала прием. Бидејќи ниту во петокот не и било дозволено да влезе во Министерството, се решила да се јави во „Дневник“ и лажно да пријави дека има бомба.

Телефонскиот повик го направила преку мобилниот телефон на својата мајка. Полицијата против Ј.И. ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување.  Казната за ова дело е од три месеци до три години затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1