Еве колку и за што се ќе плаќате – Од 1 јануари наместо персонален, граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход


Законот за данок на личен доход доцна попладнево беше изгласан во Собранието, и со тоа за една седмица или поточно од 1 јануари следната година се напушта концептот на рамен данок и се воведува прогресивно оданочување.

Со Законот се предвидува даночна стапка од 10 проценти, а се воведува и стапка од 18 проценти која ќе се однесува на даночна основа што надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до еден милион, 80 илјади на годишно ниво, како и до 90 илјади месечно останува примената на постојната даночна стапка од 10 отсто.

Исто така, се предлага и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.

Лични примања

Дефиниција

Лични примања се сите приходи што ќе ги оствари обврзникот по основ на работен однос, вклучувајќи ги и приходите по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни лица, како и на домашните и странските физички лица кои вршат самостојна дејност, а кои што се исплатени во пари, бонови, парични потврди, акции, стоки или во некој друг облик кој има парична вредност.

1. Видови доход
Член 2
Данокот на личен доход (во натамошниот текст: данок на доход) се плаќа годишно на збирот на доходот од сите извори, освен на доходот што е изземен од оданочување со овој закон.
Член 3
(1) Предмет на оданочување се следните видови на доход остварени во земјата и во странство:
1) доход од работа;
2) доход од самостојна дејност;
3) доход од авторски и сродни права;
4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
5 доход од права од индустриска сопственост;
6) доход од закуп и подзакуп;
7) доход од капитал;
8) капитални добивки;
9) добивки од игри на среќа;
10) доход од осигурување и
11) друг доход.
(2) На оданочување подлежи доходот од став (1) на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.

  1. Даночни стапки

Член 11

(1) За доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, данокот на доход се плаќа по прогресивни стапки и тоа:

 

на годишна даночна основа по стапка
До 1.080.000 денари 10%
од 1.080.001 денари 108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари

 

(2) За доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, данокот се плаќа по единствена стапка од 15%.

  1. Примања на кои не се плаќа данок на доход

Член 12

(1) Данок на доход не се плаќа на:

1) помош за социјална заштита;

2) субвенции доделени од државен орган за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на физички лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи од членот 44 и 48 на овој закон;

3) надоместок по основа  на здравствено осигурување, освен надоместок на плата;

4)  паричен  надоместок за време на невработеност, утврден со закон;

5)  детски додаток;

6)  други социјални додатоци за деца, утврдени со закон;

7) надоместок за инвалидност, плата и пензија на инвалидно лице;

8) надоместок  за телесно оштетување;

9) надоместок во случај на смрт на вработеното лице, член на семејството на вработеното лице и член на семејство на обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност до пропишаниот износ;

10) помош за претрпени штети од елементарни непогоди, до најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

11) помош за претрпени штети настанати од елементарни непогоди или други вонредни настани исплатени од Буџетот на Република Македонија и буџетите на Градот Скопје и единиците на локалната самоуправа;

12) стипендии на ученици и студенти што ги доделуваат органите на државната управа во согласност со закон и стипендии што ги доделуваат фондации врз основа на веродостојна документација;

13) награди на ученици и студенти освоени на натпревари во рамките на образовниот систем, доделени од Министерство за образование и наука, основни, средни и високообразовни установи;

14) надоместок на ученици и студенти за време на задолжителна практична настава и обука во висина најмногу до 6.000 денари месечно;

15) надоместок на лицата волонтери согласно со Законот за волонтерството;

16) примени донации во согласност со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности;

17) надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно;

18) надоместок на трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување, исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица и на обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

19) организиран превоз до и од работа, како и исхрана за време на работа  утврдени со закон, општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

20) надоместок за учество на лице во органите за спроведување на избори и други форми на непосредно изјаснување на граѓаните, како и надоместок на лице за работа во врска со пописот на населението;

21) алиментации и надоместоци на штета по судска одлука и надоместок на штета како последица на несреќа при работа;

22) отпремнина која се дава при заминување во пензија  во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеци;

23) еднократен надоместок во вид на испратнина, заради трајно работно ангажирање на работниците, под услови и начин утврдени со закон;

24) надоместок на трошоци за службени патувања (трошоци за превоз, сместување и исхрана) при патување на државните репрезентации и спортските клубови на официјални првенства и други меѓународни натпревари;

25) награди на спортисти за постигнати резултати на официјални меѓународни натпревари;

26) стипендии за спортисти што ги доделуваат органите на државната управа согласно закон;

27) награди што ги доделува Организацијата на Обединетите нации и меѓународните организации;

28) награди за животни достигнувања во науката, културата и спортот;

29) парични надоместоци доделени на национален уметник согласно со Законот за националниот уметник на Република Македонија;

30) паричен надоместок доделен на уметник и стручен соработник од областа на заштитата на културното наследство, кој остварил право на пензија и кој е добитник на една од наградите за областа на културата и уметноста, согласно со Законот за културата;

31) финансиска помош на физички лица – резиденти на Република Македонија која се користи за лекување во земјата или во странство, во висина на направените трошоци на лекувањето, документирани со сметки на здравствените установи кои го извршиле лекувањето, а кои не се покриени од Фондот за здравствено осигурување, како и документирани трошоци за превоз и сместување неопходни  за лекувањето на лицето, доколку не се покриени од Фондот за здравствено осигурување;

32) надоместок на штета по основ на животно и неживотно осигурување;

33) уплатени премии  за колективно осигурување за вработените лица кои  ги плаќа работодавачот за повреди на работа и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност;

34) уплатена премија за животно осигурување за една календарска година,  за вработени лица и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто плати во Република Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика;

35) уплатен придонес во доброволен пензиски фонд за една календарска година,  за вработени лица и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто плати во Република Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика;

36) камати на депозити во износ до 15.000 денари на годишно ниво;

37) камати по јавни заеми;

38) камати по обврзници издадени од Република Македонија  и единиците на локалната самоуправа;

39) надоместоци на трошоци за хотелско сместување, храна и превоз за лица кои не се вработени кај филмскиот продуцент, кои учествуваат при производство на филм наменет за јавно прикажување, во висина на стварните трошоци, утврдени врз основа на документ за направените трошоци;

40) надоместоци на трошоци за сместување, храна и превоз за лица кои се учесници на настани со времетраење не повеќе од 3 дена, организирани во рамки на активностите на организација основана согласно со Законот за здруженија и фондации, утврдени врз основа на документи за направените трошоци;

41) надоместоци на трошоци за сместување, храна и превоз за членови на синдикатот за активности во рамки на синдикатот, како  и примања на членови на синдикатот од средствата на синдикатот согласно Статут, програма и одлуки на органите на синдикатот, врз основа на документи за направените трошоци, освен исплатени надоместоци на членови на синдикатот по основ на повремено или привремено вршење услуги;

42) доход од продажба на собрани лековити билки и шумски плодови, остварен од физичко лице.

1. Доход од работа
Член 14
Доход од работа претставува секој доход што го остварува обврзникот по основ на работен однос, вклучувајќи го и доходот по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни и физички лица, како и на домашните и странските физички лица што вршат самостојна дејност, ако со овој закон не се изземени од оданочување.
Член 15
(1) За доход од работа се смета:
1) платата и надоместоците на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот;
2) надоместоците на трошоците од работен однос исплатени над износите од член 12 на овој закон, сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа, износот на надоместок за закуп на имот како и износот на надоместок за режиски трошоци на вработено лице кога надоместоците ги плаќа работодавачот;
3) пензиите;
4) примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва;
5) примањата на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции;
6) примањата на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.);
7) надоместоците за врвни спортисти;
8) надоместоците на ученици и студенти за време на задолжителна практична настава и обука над пропишани износи од член 12 на овој закон;
9) надоместоците за време на боледување;
10) надоместоците за време на отсуство од работа;
11) надоместоците за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва;
12) надоместоците на членовите на Македонската академија на науките и уметностите;
13) платата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата;
14) пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување исплатен преку програмирани повлекувања и
15) секој поединечно остварен доход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.
(2) Како доход во смисла на став (1) на овој член се смета и друг доход од работа, кој наместо во пари се прима во вид на ваучери и други парични потврди, хартии од вредност, стоки, услуги или во некој друг облик кој има парична вредност.
Член 16
Основа за пресметување на данокот на доход од работа претставува:
1) остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, намалени за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување за месецот за којшто се исплатува платата;
2) износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 12 на овој закон и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа и износот на надоместок за закуп на имот како и износот на надоместок за режиски трошоци на вработено лице кога надоместоците ги плаќа работодавачот;
3) платата остварена со работа во странство врз основа на работниот однос што е заснован во земјата, намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување;
4) пензијата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување;
5) износот на примањето, надоместокот, односно доходот од член 15 точки 4), 5), 6), 11), 12) и 15) на овој закон;
6) износот на надоместокот за врвни спортисти, намален за придонесите;
7) остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот за странско физичко лице-нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на Република Македонија, намалени за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување за месецот за којшто се исплатува платата;
8) износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 12 на овој закон и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа на странско физичко лице-нерезидент од работен однос кај резидент на Република Македонија утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа;
9) остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот што ја остварува резидент на Република Македонија кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија намалени за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување за месецот за којшто се исплатува платата;
10) износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 12 на овој закон и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа, што се исплатени на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија;
11) надоместок на ученици и студенти за време на задолжителна практична работа и обука, исплатени над износите од членот 12 на овој закон;
12) пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) исплатен преку програмирани повлекувања намален за уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд во случај кога придонесите се уплатени од физичко лице, односно пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) исплатен преку програмирани повлекувања намален за уплатените придонеси кои се оданочени согласно членот 71 точка 3) од овој закон;
13) номиналната вредност на ваучерите и другите парични потврди и хартии од вредност кои не котираат на берза;
14) пазарната цена на хартиите од вредност кои котираат на берзата;
15) цената која би се постигнала со продажба на стоките и услугите, во случаите на доход од работа исплатени во стоки и услуги и
16) надоместокот што би се постигнал на пазарот за примањата во некој друг облик кој не е наведен во точките од 1) до 15) на овој член.
(2) Висината на цената, односно на надоместокот од став (1) точките 15) и 16) на овој член ја утврдува исплатувачот на доходот од работа во моментот на давањето на соодветното примање.
(3) Ако органот за јавни приходи оцени дека утврдената цена, односно надоместокот од став (1) точките 15) и 16) на овој член е пониска од онаа што може да се постигне на пазарот, ќе ја утврди таа цена, односно надоместокот во висина која би можела да се постигне на пазарот.

  1. Доход од самостојна дејност

Член 19

(1) Под доход од самостојна дејност се смета доходот остварен од стопанска дејност, доходот од давање професионални и други интелектуални услуги, доходот од земјоделска дејност и доходот од други дејности чија крајна цел е остварување на доход.

(2) Под доход од стопанска дејност се подразбира доходот од производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност.

(3) Под доход од професионални и други интелектуални услуги се подразбира доходот од здравствена, стоматолошка, ветеринарна, адвокатска, нотарска, консултанска, сметководствена, ревизорска, проценителска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност.

(4) Под доход од земјоделска дејност се подразбира доходот од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, како и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи.

Член 20

(1) Обврзник на данокот на доходот од самостојна дејност е трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое  врши занаетчиска дејност и лице кое врши услуги или слободни занимања, кое остварува доход од вршење на дејност од членот 19 на овој закон.

(2) Обврзникот од ставот (1) на овој член се запишува во соодветен регистар.

Член 21

Основа за пресметување на данокот на доход од самостојна дејност е разликата меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на обврзникот, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели.

Член 22

(1) Ако повеќе физички лица остваруваат доход со заедничко вршење на дејност, секое од нив е обврзник на данокот на доход за делот од доходот што му припаѓа според договорот за заедничко вршење на дејност. Ако со договорот не е утврдено нивното учество, за утврдување на даночната основа се смета дека доходот се дели на еднакви делови.

(2) На висината на даночната обврска на физичкото лице за делот од доходот од став (1) на овој член нема влијание фактот дали доходот од заедничкото вршење на дејност е распределен или не.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1