Еве колку им е гајле за вашето здравје: Johnson & Johnson и Novartis криеле евтин лек за рак


Европската комисија им одреди казнa од 16 милиони евра на двете фармацевтски компании – американската Johnson & Johnson и швајцарската Novartis. Во јули 2005 двете компании постигнале договор со кој го ограничуваат навлегувањето на евтиниот генерички вид за намалување на болки лекот „Фентанил” на пазарот во Холандија.

novartis_2725621bТој договор е во спротивност со антимонополските правила на ЕУ, е наведено во официјалното соопштение на комисијата. Индивидуалните казни се во размер од 10,8 милиони евра за Johnson & Johnson и 5,5 милиони евра за швајцарскиот гигант.

„Фентанил”-от е моќен лек за намаување на болка, или околу 100 пати по силен од морфиумот. Секако тој се користи за лекување на болките на пациенти кои се заболени од рак. Лекот е разработен од Johnson & Johnson уште пред 60 те години.

Во 2005 година авторските права на компанијата за формулата на лекот протекуваат за Холандија и поради тоа се започнати дејствија за ограничување на генеричките варијанти на лекот, покажала проверката на Брисел.

fentanyl1-564x272Во Јули 2005 година фармацевтската компанија Sandoz веќе го имала произведено генеричкиот вид на „Фентанил”. J&J и Novartis  и предложиле месечна такаса на компанијата доколку таа се воздржи од понуда на својот продукт во Холандија. Соодветно на тоа Sandoz не го нуди својот лек на пазарот.

Од таа постапка главна последица имаат пациентите кои немаат достап до евтина варијанта на лекот, вели комесарот задолжен за конкуренција Хоакин Алмунија.

Тој договор дејствувал до Декември 2006 година, кога трета компанија започнала да ја продава својата варијанта на „Фентанил” на пазарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1