Билетите за предновогодишниот концерт на српската фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца, кој ќе се одржи на 27 декември во Скопје веќе се во продажба.
– Дека е добредојдена покажува фактот кој што вели дека 30% од спортската арена Борис Трајковски веќе е распродадена – велат организаторите „Балкан медија“.
Цената на влезниците е:
партер стоење – 800,
фанпит – 1300 во ограничен број (само 300 влезници),
трибина блок 1 и 15 – 800 денари,
трибина блок 2, 4, 12 и 14 – 1300 денари,
трибина блок 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 – 1000 денари,
ВИП блок 3 – 1500 денари,
ГОЛД ВИП блок 13 – 2000 денари.
Организиран е и превоз до салата од повеќето градови низ Македонија.
– Не е исклучена можноста на сцената со Цеца да се појават специјални музички гости, нејзини блиски пријатели и соработници. Со што концертот ќе добие префикс, идеална предновогодишна журка – велат организаторите.