Според анализата на центрите за социјална работа, едно дете кое пита месечно заработува и по 7 200 денари, што ги надминува примањата на неговите родители.
Податоците покажуваат дека 236 деца живеат под ведро небо. Тие по улиците се сами или со возрасните, принудени да питачат.
Најмалото дете има само неколку месеци, а најстарото 18 години.
Најмногу деца без покрив на глава има во Скопје, но има и по улиците на Битола, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево.
Дел од децата се со загрозено здравје, а аларманти се случаите на деца кои дуваат лепило.