Еве колку плата ќе зема Перо Антиќ во НБА


Перо Антиќ, првиот Македонец во НБА-лигата, ќе има плата од 1.200.000 долари во првата сезона во дресот на Атланта хоукс, објави специјализираниот сајт www.hoopsworld.com.

pero-antic-449x300Капитенот на македонската репрезентација пред неколку дена потпиша договор со “јастребите”, кој му е загарантиран за сезоната 2013/14, а продолжението за уште една година ќе зависи од неговите игри.

Според истиот извор, и во евентуалната втора сезона во дресот на Атланта, тој би имал речиси иста плата, од 1.250.000 долари, која би пораснала за дополнителни 250.000 долари, доколку остане и трета година во овој клуб.
Платите во НБА-лигата се јавни и цифрите се објавуваат веднаш по потпишувањето на договорите.

Според овој сајт, Антиќ засега има најниска плата од играчите со гарантиран договор за следната сезона. Единствениот член на Атланта со осумцифрен договор е Ал Хорфорд, кој има годишна плата од 12 милиони долари. Следни на листата според примањата се Пол Милсап (9.500.000), Џеф Тиг (8.000.000), Кајл Корвер (6.760.000), Лу Вилијамс (5.225.000), Елтон Бренд (4.000.000)…
Атланта има селери кап од 53.100.000 долари за следната сезона.

Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1